Комисија во Јавното обвинителство ќе ги следи евентуалните нерегуларности поврзани со кривични дела против изборите и гласањето
Претседател на привремената комисија во Јавното обвинителство е јавниот обвинител Џељаљ Бајрами, а членови се јавни обвинители од вишите јавни обвинителства и скопското Јавно обвинителство...

Привремена комисија во Јавното обвинителство ќе ги следи евентуалните нерегуларности, поврзани со извршување кривични дела против изборите и гласањето и други кривични дела кои би биле сторени при организирањето и спроведувањето на изборите. Претседател е јавниот обвинител Џељаљ Бајрами, а членови се јавни обвинители од вишите јавни обвинителства и скопското Јавно обвинителство.
За оние настани за кои ќе се оцени дека даваат индиции за евентуални сторени изборни нерегуларности, известувањата веднаш ќе се проследат до соодветното Основно јавно обвинителство, но и задолженија за итно постапување, односно формирање предмет и преземање дејствија.
Јавното обвинителство со апел до граѓанските организации, политичките партии, домашните и меѓународни институции ако имаат индиции за сторено кривично дело поврзано со изборниот процес, да достават пријава до комисијата.
