Македонија

ОЈО Струга оформи предмет за уривање на спомен-куќата на Владо Малески

18.10.2025 13:44

Пред два дена јавен обвинител извршил увид на лице место, во присуство на вешто лице од градежната струка...

Струшкото јавно обвинителство оформи предмет за уривањето на спомен-куќата на Владо Малески, при вршење градежни работи во близина на објектот од лице од Велешта, соопштија од Обвинителството.

Пред два дена јавен обвинител извршил увид на лице место, во присуство на вешто лице од градежната струка. Наредено е вештачење, а се преземаат и други дејствија за испитување на околностите под кои се случил настанот, / велат од јавното обвинителство.