Во Штип гласаа 152 стари и изнемоштени лица и 221 штитеник на КПД
Правото на глас во домашни услови денес го остварија 152 лица во Штип. Се гласаше и во КПД Штип, каде 221 штитеник имаа можност да го остварат правото на глас. Утре во Општина Штип ќе се гласа на 80 избирачки места...

Во Штип на овие избори ќе се гласа на 80 гласачки места. Има 41.411 граѓани со право на глас. Во однос на минатогодишните избори, има десет гласачки места помалку заради тоа што не го исполнуваат условот за најмалку 10 гласачи. Се работи главно за избирачки места во руралните средини
Денес гласаа старите и изнемоштени лица. Сите 152 барања за ова право биле прифатени од ОИК. Во однос на минатогодишните избори, бројот на лицата кои гласаат од дома се намалил за 100.
Според податоците од ОИК, извршени се сите подготовки за утрешното гласање во Општина Штип.
Славица Величковска
