Гласаа затворениците во КПД „Идризово“
Ден пред првиот круг на локалните избори 2025-та своето право на глас го искористија лицата коишто се наоѓаат на издржување затворска казна во најголемиот затвор во земјава, КПУ „Идризово“...

Ден пред првиот круг на локалните избори 2025-та своето право на глас го искористија лицата коишто се наоѓаат на издржување затворска казна во најголемиот затвор во земјава, КПУ „Идризово“. Гласањето се одвиваше во неколку групи затвореници коишто ги спроведуваше затворската полиција. Интересот на затворениците за гласање е голем.
Гласовите од избирачите на гласачкото место 2536 во Идризово се собираат посебно и доставуваат до општините каде живеат затворениците, а нивниот број ќе се собира со резултатите од утрешното гласање.
Во КПУ Идризово ќе има втор круг гласање за локалните избори 2025.
Ирина Гелевска
