Пештерата под Солунска глава - најголема во Македонија

30.08.2014 16:45

Не само по името туку и по големина, пештерата под Солунска глава е најголемиот пештерски систем во Македонија. Домашни и странски спелеолози досега откриле и мапирале 2,5 километри од пештерскиот систем што е само почеток на пештера која по својата уникатност веројатно ке се вбројува во најубавите во Европа.

Најголемиот масив во Европа се крие под планината Јакупица, а Големата Пештера под Солунска глава е најголемиот пештерски ситем во Македонија. Ова е заклучок на спелеолозите од Македонија, Чешка и Слобвачка кои веќе неколку години ја истражуват пештерата.

 „Почнува да се разгранува пештерата, тоа значи дека навистина ние сме под главната бариера под Солунска глава и дека тука сега ќе влезе комплициран пештерски систем  ќе се појави реално внатре бидејки има многу варовники многу вода“ рече Иван Жежовски, претседателе на спелеолошкото друштво Пеони.

Со новооткриените 900 метри, експедивијата успеа да навлезе 2,5 километри во пештескиот систем.

„Откривањето и мапирањето оди тешко. Пештерата е уникатна, има ногу сифони, она што ја прави  поразлична од другите пештери се сталактитите и сталагнитите. Некој сифони тешко се пробиваат за наеднаш да се отвори широк ходник со неверојатна глетка и многу, многу вода“, рече Даниел Лутњарас, спелонуркач од Чешка.

Додека спелео нуркачите се спуштаат се подлабоко во пештерскиот систем, спелеолозите работат на мапирање и фотографирање на секој освоен сантиметар.

„Работимке на мапа која откако ќе ја публикуваме во Словачка и Македонија ќе ја објавиме и на интернет. Целта ова е ова што ние го имаме откриено да го види светот“, рече Карол Кишка, Словачки спелеолог.

 Десеттемина спелеонуркачи и спелеолози годинава за прв пат јавно проговорија за можноста, овој пештерски ситем да се презентира  како потенцијал за развој на пештерскиот туризам.

„Предниот дел може да се стави за туризам во функција овој понатака за сплеолошки туризам, па понатаму ќе се види, рече Жежовски.

И локалната самоуправа размислува за функционално туристичко искористување на овој локалитет. Но отаму велат, потребни се средства. Во моментов се работи на проекти да се стигне до ИПА фондовите, а се  очекува и  владина помош.

„Ние се надеваме дека  ќе добиеме средства бидејки ќе ни требаат за да се изградат патеки до самата пештера“рече Горанчо Пановски, градоначалник на општина Чашка.

Спелеолозите тврдат дека оваа природна убавина, надополнета со исклучително голмато количество вода која се крие под масивот Јакупица  е исклучителна, а пештерата под Солунска Глава ќе ја направи една од најатрактивните во Македонија.

Дијана Иванова