Се гласа во два старски домови во Битола
Без проблеми, мирно и непречено се одвива гласањето во Битола. Трите гласачки места се отворени точно во 7 часот. Своето гласачко право денес ќе го искористат 108 стари лица, сместени во два старски домови, и 105 лица во битолската казнено поправната установа, додека пак за гласање во своите домови се пријавени 141 болно и немоќно лице. Гласањето го спроведуваат 70 избирачки одбори...

Мирно и непречено се одвива гласањето на трите избирачки места во Битола. Денес своето право на глас имаат можност да го искористат вкупно 108 стари лица во два старски домови. 70 од нив во старскиот дом „Сју Рајдер, каде гласаат лица од 16 општини. Денес гласаат и 105 затвореници во битолската казнено поправна установа. Гласачките места се отворени точно во 7 часот, гласачкиот процес се одвива без проблеми.
Во текот на денот 170 избирачки одбори го подигнаа целокупниот избирачкиот материјал од ОИК Битола за утрешното гласање, а 70 од нив денес го спроведуваат и гласањето на 141 болно и немоќно лице кои се пријавија за гласање во нивните домови.
Болните и немоќни гласаат и во соседните општини. Во Ресен се пријавени 76 лица од оваа категорија, 27 во могила и 17 во општина новаци.
Во Битола со право на глас во избирачкиот список на овие локални избори запишани се 77.253, кои своето право на глас ќе го остварат утре на 170 избирачки места. Најголемото избирачко место е со број 74, каде има 960 гласачи, а најмалото е во село Драгош со само 11.
Александра Максимовска
