ДИК

ДИК: Исправена е печатната грешка, гласањето на болните во Општина Ново Село се одвива непречено

18.10.2025 16:07

Грешка на гласачките ливчиња привремено го спречи гласањето на болните во општина ново село. Дистрибуиран нов изборен материјал, процесот продолжи – информираа од Државната изборна комисија...

Грешката со испечатени редни броеви на носители на советнички листи на гласачкото ливче во општина Ново Село е коригирана. Од Државната изборна комисија информираа дека гласачкиот материјал бил повлечен и се дистрибуирал нов. 

Болните и немоќните кои се пријавија, изутрината не можеа да гласаат. Избирачките одбори не отишле во нивните домови. Претседателот на комисијата уверува дека нема никакви пречки сите болни и немоќни да го остварат своето право на глас.

Во општина Ново Село се пријавени 400 луѓе со медицинска документација, бидејќи утре не можат да излезат на избирачките места да гласаат.

Игор Панов