МВР

И со дронови ќе се „чуваат“ избирачките места

19.10.2025 07:46

Полициското присуство е заради зголемена ефикасност и навремено откривање на можни нарушувања на јавниот ред и мир, велат од МВР.

Министерството за внатрешни работи со мобилни тимови и со дронови ќе се грижи за безбедноста на избирачките места.

Полициското присуство е заради зголемена ефикасност и навремено откривање на можни нарушувања на јавниот ред и мир, велат од МВР.

Оттаму апелираат, граѓаните и политичките партии да придонесат за фер и мирна атмосфера и да се воздржат од какви било активности кои би можеле да го нарушат изборниот процес.