Во Јавното обвинителство формирана комисија за евентуални нерегуларности
За оние настани за кои ќе се оцени дека даваат индиции за евентуални сторени изборни нерегуларности, известувањата веднаш ќе се проследат до соодветното Јавно обвинителство, но и задолженија за итно постапување, односно формирање предмет и преземање дејствија.

Привремена комисија во Јавното обвинителство ќе ги следи евентуалните нерегуларности, поврзани со извршување кривични дела против изборите и гласањето.
За оние настани за кои ќе се оцени дека даваат индиции за евентуални сторени изборни нерегуларности, известувањата веднаш ќе се проследат до соодветното Јавно обвинителство, но и задолженија за итно постапување, односно формирање предмет и преземање дејствија.
Од Обвинителството со апел до невладините, политичките партии, домашните и меѓународните институции, ако имаат индиции за сторено кривично дело поврзано со изборниот процес, да достават пријава до комисијата.
