Народен правобранител

0800-54321, пријави за повреда на избирачкото право

19.10.2025 08:23

Во канцеларијата на Народниот правобранител од 7 до 19 часот ќе функционира бесплатната телефонска линија...

Во канцеларијата на Народниот правобранител од 7 до 19 часот ќе функционира бесплатната телефонска линија 0800-54321, на која граѓаните ќе може да пријават каква било повреда на избирачкото право.

Тоа ќе може и лично да се пријави во канцелариите на омбудсманот во Скопје, Битола, Кичево, Куманово, Струмица, Тетово и во Штип.

Народниот правобранител потенцира дека избирачкото право е уставно загарантирано и никој не смее да биде повикан на одговорност заради остварување на ова право.