УКРАИНА

Мерц: Војната мора да заврши

19.10.2025 09:46

Европјаните мора да ја поддржат Украина финансиски, политички и воено, за брзо да ја заврши војната, нагласи Мерц. Изјавата следува по средбата Трамп – Зеленски во Белата Куќа и најавената средба Трамп – Путин во Унгарија.

Европа мора да преземе мерки за да ја заврши војната на Русија во Украина, став на германскиот канцелар. Европјаните мора да ја поддржат Украина финансиски, политички и воено, за брзо да ја заврши војната, нагласи Мерц. Изјавата следува по средбата Трамп – Зеленски во Белата Куќа и најавената средба Трамп – Путин во Унгарија.

„Оваа војна би можела да заврши во рок од 24 часа ако Украина престане да се бори и ја предаде земјата на Русија. Но, тогаш можеме само да претпоставиме дека утре ќе имаме уште една земја нападната од Русија. Молдавија би можела да биде една од нив, може да бидат балтичките држави. И дури и тука дома, секој ден гледаме како Русија врши кибернапади, како е одговорна за дезинформации и многу други работи“, изјави Фридрих Мерц, канцелар на Германија.

Според Мерц, постсоветска Русија не ја прифатила политичката динамика и како резултат на тоа се однесува агресивно кон многу земји во Европа.