Демонстрации во Израел, ООН алармира за состојбата во Газа
Демонстрации во Тел Авив и Ерусалим. Се бара предавање на преостанатите починати заложници. Во Газа пак, ООН алармираат за уништувањето во енклавата.

Демонстрации во Тел Авив и Ерусалим. Се бара предавање на преостанатите починати заложници. И израелските власти алармираа, милитантната група да ги исполни обврските и да ги врати останките од сите починати заложници. Во Газа пак, ООН алармираат за уништувањето во енклавата.
„Мораме повторно да ја вклучиме струјата, за да можеме да почнеме да го враќаме санитарниот систем на место. Имаме 60-дневен план за зголемување на доставата на храна, обезбедување милион оброци дневно, обнова на здравствениот сектор, шатори за зимата, враќање на стотици илјади деца во училиште. Но, ова е голема работа пред нас“, изјави Том Флечер, заменик-генерален секретар на ООН за хуманитарни прашања.
Хамас ги повика медијаторите да го зголемат протокот на хуманитарна помош, да го забрзаат целосното отворање на граничниот премин Рафах и да почнат со реконструкција на погодената територија.
