КАТАР
Преговори меѓу Авганистан и Пакистан во Доха
19.10.2025 08:54
По повеќе од една недела борби загинаа десетици луѓе, а стотици беа повредени од двете страни. Двете влади ги испратија министрите за одбрана да ги водат разговорите.

Делегации од Авганистан и од Пакистан во Доха на преговори. Катар понуди да работи на мировно решение за смирување на најсмртоносната криза меѓу двете земји во последните неколку години.
По повеќе од една недела борби загинаа десетици луѓе, а стотици беа повредени од двете страни. Двете влади ги испратија министрите за одбрана да ги водат разговорите.
Како што соопшти Пакистан, преговорите ќе се фокусираат на итни мерки за ставање крај на прекуграничниот тероризам и враќање на мирот и стабилноста долж границата.
