Се продлабочува кризата во Украина
Биљана во Украина се продлабочува пак воената криза. Според високиот претставник за надворешна и безбедносна политика на Унијата Кетрин Ештон решение не е на повидок. Исто мислење дели и претседателот на Европската комисија Жозе Мануел Барозо кој на денешната средба со украинскиот претседател Порошенко во Брисел предупреди дека ситуацијата во Украина се приближува до точката од која нема враќање и оти Русија ќе ги сноси последиците доколку итно не го смени однесувањето.

„Би рекол дека ова е сериозно драматична ситуација. Ако продолжи ескалацијата на конфликтот назад нема враќање. Сепак верувам дека сеуште не е доцна за политичко решение“, вели Жозе Мануел Барозо, претседател на Европската комисија.
Баросо и порача на Русија да не ја потценува одлучноста на Еу и најави можно проширување на санкциите. Во меѓувреме Киев обвини дека руските тенкови го нападнале градот Новосвитливка, близу Луганск, уривајќи ги сите куќи што им се нашле на патот. Иста е сликата и во Доњецк. Бројот на загинати цивили расте.