ДИК
Навреме отворени сите избирачки места, гласањето се одвива без проблем
19.10.2025 09:15
Навреме се отворени сите избирачки места и процесот на гласање за Локалните избори се спроведува без проблем, соопшти Државната изборна комисија …

За локалните избори во трка над 300 кандидати за градоначалници и над 570 советнички листи. Во Избирачкиот список се запишани 1.832.415 избирачи.
Од Државната изборна комисија известува Анита Димитријевска-Велковска.
