Блиски исток

Хамас ги предаде останките на уште двајца заложници

19.10.2025 12:29

Граничниот премин Рафах меѓу Газа и Египет ќе остане затворен до понатамошно известување, соопшти Израел.

Доцна синоќа Хамас ги предаде останките на уште двајца заложници. Едно од телата е идентификувано, за другото се чекаат резултатите. Досега се предадени останките на 10 од 28 починати заложници.

Граничниот премин Рафах меѓу Газа и Египет ќе остане затворен до понатамошно известување, соопшти Израел. Од канцеларијата на премиерот Нетанјаху се вели дека повторното отворање на преминот ќе зависи од тоа како Хамас ќе ја исполни својата улога во прекинот на огнот за враќање на останките на сите починати заложници.

Хамас ги отфрла обвинувањата на Стејт департментот дека се подготвува да го прекрши примирјето. Обединетите нации алармираат за уништувањето во Газа.