Локални избори 2025

Без проблеми тече гласањето во Општина Аеродром

19.10.2025 13:08

Во Општина Аеродром со право на глас се 68.772 избирачи. Од Избирачкиот одбор задоволни од текот на гласањето...

Граѓаните гласаат за кандидатот кој сакаат да раководи следните 4 години со нивната општина и со главниот град. Со различни очекувања се зависно потребите велат.

Некои не можеа веднаш да си го најдат своето избирачко место но тоа не ги одврати од правото да гласаат.

Влеговме да ги посетиме избирачки места. Од Избирачкиот одбор ни рекоа дека се задоволни од текот на гласањето.

Во оваа општина со право на глас се 68.772 избирачи.

 

Фиљана Кока