Локални избори 2025

ДИК: 9,38 проценти излезеност на изборите до 11:15 часот

19.10.2025 12:10

Државната изборна комисија на прес-конференција ги соопшти резултати околу излезноста до 11:15 часот, како и текот на гласањето...

Најголема излезеност има: Берово 13,51 процент; Богданци 14,55 проценти; Бутел 10,00 проценти, Вевчани 16,02 проценти; Новаци 19,13 проценти; Пробиштип 17, 64 проценти и Чашка 22,6 проценти.

Најмала излезеност има во: Сопиште 3,93 проценти; Центар Жупа 4,89 проценти; Боговиње 4,48 проценти и Врапчиште 2,54 проценти.

Гласањето се одвива мирно и со нормален тек, соопштија од ДИК.