Труење со храна во Драчево
50-тина лица се затруле со храна купена од сендвичара во скопско Драчево. 37- мина побарале лекарска помош на Инфективната клиника, но 12 се задржани на лекување, а останатите по третманот во дневната амбуланта пуштени се на домашно лекување. Најмалиот пациент е на 4 годишна возраст, а останатите се до 30 години, межу нив и една трудница.

Сите во вторникот јаделе сендвичи купени од оваа сендвичара, по што се затруле. Од инфетивната клиника велат дека пациентите се вон животна опасност, но сепак со тешка клиничка слика. Биле дехидрирани, со дијареа, висока температура и повраќање. Неофицијално станува збор за салмонела, но засега тоа не е потврдено. Од сите пациенти кои побарале лекарска помош земени се брисеви за испитување и откривање на причинителот на труењето на драчевчани.
Причинителот на труењето ќе биде познат за два дена.