Изборите во Охрид се одвиваат во демократска атмосфера
Во општина Охрид изборниот процес се одвива демократски и непречено. Утрото беше забележано задоцнување при отворањето на едно избирачко место од половина час поради технички проблеми, а во останатиот дел од денот изборите течат без проблеми. Во иста атмосфера се одвиваат и изборите во општина Дебрца.

Во Охрид изборниот ден минува мирно, во демократска атмосфера и засега без ниту еден инцидент. Во избирачкиот список се евидентирани 52.580 граѓани, кои своето граѓанско право на глас го остваруваат на 87 избирачки места.
„Граѓаните како и секогаш имаат очекувања од градоначалникот кој ќе ја добие нивната доверба“, изјави Антигона Сионов – претседателка на ОИК Охрид.
Гласањето минува во демократска атмосфера и во општина Дебрца, каде на 22 избирачки места своето право на глас можат да го искористат 3.903 лица.
До 13 часот се изјасниле 28 проценти од граѓаните.
Сашо Нелоски
