Голем интерес за наградната игра со фискалните

18.12.2013 17:09

Над шеесет вреќи со коверти  досега се пристигнати на адресата на Државната Лотарија. Расте интересот кај граѓаните за наградната игра „Фискална во рака награда без мака“.Граѓаните велат ја користат секоја фискална сметка, има и такви кои досега испратиле по неколку коверти. Граѓаните  иако сонуваат за стан или дуќан- велат задоволни ќе бидат и со вредносен ваучер .

Испратив шест, ке пробам да испратам уште.

Некоја награда очекувам, што биде нека биде.

Наградната игра е топло пречекана од граѓаните -  велат од Државната Лотарија. Од една страна подобрена е фискализацијата , а од друга страна пак намален е сметот по улиците.Фискалните станале  барани како злато .

Досега преку пошта пристигнаа илјадници коверти . Во моментов  имаме над шеесет вреќи во просториите на Државната лотарија,  рече  Камелија Левенска.

Извлекувањето на наградите ќе се одржи на 30ти декември на Македонската телевизија.  Валидни за првото коло  ќе бидат само оние коверти кои ќе пристигнат на точната адреса до 29 - ти . За секое  извлекување наградната игра има фонд од 20 илјади евра. За учество треба да се соберат и испратат 20 фискални сметки за кои нема ограничување на вредноста за која се издадени.

Дијана Ценевска