ОЈО

ОЈО: До овој момент генерално мирно и без поголеми нарушувања на изборниот процес

19.10.2025 16:08

Денешниот изборен ден од Локалните избори 2025 година до овој момент поминува генерално мирно и без поголеми нарушувања на изборниот процес, информираат од јавното обвинителство...

Денешниот изборен ден од Локалните избори 2025 година до овој момент поминува генерално мирно и без поголеми нарушувања на изборниот процес, информираат од јавното обвинителство. Досега не се пријавени инциденти или неправилности за гласачките места.

Јавен обвинител од Струмица денеска усно е известен за погрешно испечатени гласачки ливчиња во ново село и е извршен разговор. Известена е државната изборна комисија да го замени материјалот, но нема елементи на кривично дело.

Во текот на вчерашниот ден, поединечни настани со наводи за изборен поткуп се евидентирани во Велес, Прилеп, Крива Паланка и Свети Николе. Привремената комисија на јавното обвинителство за следење евентуални изборни нерегуларности и денеска продолжува да го следи целиот тек на изборниот процес.