31,16 проценти излезност до 15 часот
До 15 часот пристигнати се податоци за излезеност на гласачките места од 3.167 избирачки места. Гласале 515.069 граѓани односно 31,16 проценти...

Државната изборна комисија на прес-конференција ги соопшти резултати околу излезноста до 15 часот, како и текот на гласањето.
До 15 часот пристигнати се податоци за излезеност на гласачките места од 3.167 избирачки места. Гласале 515.069 граѓани односно 31,16 проценти.
Најголема излезеност има во Берово 40,14 проценти; Богданци 39,57 проценти; Валандово 30,88 проценти; Гевгелија 35,78 проценти; Градско 37,12 проценти; Демир Капија 46,65 проценти; Дојран 48,88 проценти; Кратово 42,35 проценти; Крушево 47,35 проценти; Пробиштип 45,12 проценти; Новаци 52,84 проценти.
Најмала излезеност има во Центар Жупа 17,12 проценти; Радовиш 24,24 проценти; Маврово и Ростуше 20,14 проценти; Гостивар 20,95 проценти.
Излезноста во Град Скопје до 15 часот е 31,16 проценти.
Гласањето се одвива нормално и со мирен тек.
