Пливчаки маратон во далечинско пливање на Козјак
Започна пливачкиот маратон во далечинско пливање. Се одржува на Козјак, надополнет со националниот парк „Јасен“, кој има тенденција да прерасне во спортски, рекреативен и туристички центар. Пливачите со нетрпение пред стартот.
“Прошлата година учествував го освоив првото место на пет километри.“
„Очекуваме второ, трето место.“
„Оваа година нема голема конкуренција, затоа сакам да го освојам првото место“, велат дела од учесниците.

Во спортот се инвестира. Доказ за тоа е реконструирањето на спортската инфраструктура. Но, новите сали не ја чинат целосната слика. Поддршка од владата уживаат и најразлични спортски настани на надворешните спортови.
„Развојот на спортот посебно помеѓу помладата генерација останува еден од врвните приоритети насочени пред се кон нивниот правилен развој, затоа што спорските вредности имаат и етички вредности“, рече министерката за внатрешни работи, Гордана Јанкуловска.
Тоа е доволно овој општествен сегмент да остане во приоритетите, изјави Јанкуловска. Но поткрепата не смее тука да запре, ваквата тендеција треба да продолжи, тврди спортскиот новинар Делев.
„Односот на државата кон спортот во македонија е исклучителен. Тука присуствуваат министри, градоначалници, кои ги поддржуваат спортските настани, што е навистина чудесно. Тоа ќе помогне особено за децата, но секако и за сите оние кои спортуваат“ вели Михаил Делев, претседател на Асоцијација на спортски новинари.
Македонскиот клуб за далечинско пливање втора година по ред го избира Козјак за место за одржување. Инаку купот се одржува на три локации секоја година, пред две недели тоа беше Велес, наред е Козјак а допрва престо Дојран.
Пливачкиот маратон не запира тука.
Лука Андреев