ДИК: До 17 часот своето право на глас го искористиле 39,61 проценти од избирачите
Државната изборна комисија информираше дека добиле податоци од 3.221 избирачки места каде право на глас имаат 1.699.296 гласачи...

До 17 часот на денешното гласање на првиот круг од локалните избори, своето право на глас го искористиле 39,61 проценти од запишаните гласачи во избирачкиот список.
Државната изборна комисија информираше дека добиле податоци од 3.221 избирачки места каде право на глас имаат 1.699.296 гласачи.
Излезноста во скопските општини до 17 часот според добиените податоци, во Аеродром е 39,32 проценти, Бутел 42,29 проценти, Гази Баба 35,55 проценти, Ѓорче Петров проценти, Карпош 42,86 проценти, Кисела Вода 39,37 проценти, Сарај 47,94 проценти, Центар 42,35 проценти, Чаир 45,09 проценти, Шуто Оризари 30,38 проценти.
Претставниците на ДИК истакнаа дека процесот на гласање се одвива мирно и без значителни нарушувања на повеќето избирачки места.
