МВР

МВР: Гласањето се одвива мирно, без поголеми нарушувања

19.10.2025 18:07

Изборите се одвиваат во мирна, фер и демократска атмосфера на територијата на целата држава, досега не се регистрирани посериозни нарушувања на јавниот ред и мир, информираат од МВР.

Сите полициски службеници се на располагање за време на овие локални избори. Изборите се одвиваат во мирна, фер и демократска атмосфера на територијата на целата држава, досега не се регистрирани посериозни нарушувања на јавниот ред и мир, информираат од МВР.

Во Прилеп се лишени од слобода две лица од Крушево осомничени за кривично дело – поткуп при избори и гласање. МВР апелира до сите граѓани и до политичките партии, да придонесат за мирна и демократска атмосфера.

А доколку има какво било нарушување на изборниот процес да пријават во најблиската полициска станица или на телефонските броеви 192 или 112.