Приведе две лица во двор во училиште во Чаир - се претставиле како набљудувачи и одбиле да се легитимираат
19.10.2025 18:51
Лицата не биле вклучени во изборниот процес, а се претставувале како набљудувачи на изборниот процес...

Две лица, Ф.Е (35) и Н.Е. (44), се приведени во двор на основно училиште во скопски Чаир поради непочитување наредба на овластени службени лица кога од нив било побарано да се легитимираат, информираат од Министерството за внатрешни работи.
Лицата не биле вклучени во изборниот процес, а се претставувале како набљудувачи на изборниот процес. Биле во дворот од училиштето и одбиле да се легитимираат“, стои во соопштението.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
