Локални избори 2025
Заврши гласањето за првиот круг од локалните избори
19.10.2025 19:35
Во 19 часот се затворени избирачките места на кои граѓаните можеа да гласаат во првиот круг од осмите по ред локални избори.

Во 19 часот се затворени избирачките места на кои граѓаните можеа да гласаат во првиот круг од осмите по ред локални избори. На вкупно 3.474 избирачки места на територија на државата, право на глас во првиот круг од изборите имаа 1.832.415 лица запишани во Избирачкиот список. Од ДИК потврдија дека избирачкиот ден помина непречено и без поголеми нерегуларности.
Од Државната изборна комисија известува Марина Стојанова – Тонева.
