Локални избори 2025

ДИК: До 18:30 часот излезноста 46,65 проценти

19.10.2025 19:55

Државната изборна комисија ја соопшти излезноста до 18:30 часот на првиот круг на локалните избори...

Државната изборна комисија ја соопшти излезноста до 18:30 часот на првиот круг на локалните избори во земјава.

Како што информира претседателот на ДИК, Борис Кондарко, до 18:30 часот одзивот на ниво на државата изнесува 46,65%, односно излегле да гласаат 803.091 граѓанин од 94,62% од обработените избирачки места. Од 3.474 места обработени се 3.287. На овие избирачки места се запишани 1.721.645 граѓани.

За споредба, на претходните локални избори 202-ва вкупниот одѕив заклучно со 19:00 часот изнесувал 49,98 проценти.