ДИК
ДИК излезе со првичните резултати од првиот круг, ВМРО-ДПМНЕ е победник во најголемиот број општини
20.10.2025 08:06
Државната изборна комисија доцна синоќа ги соопшти првичните резултати од локалните избори...

Државната изборна комисија доцна синоќа ги соопшти првичните резултати од локалните избори.
Во првиот круг од гласањето коалицијата „Твоја Македонија“ предводена од ВМРО-ДПМНЕ победи во 54 општини, социјалдемократите ја однесоа победата во 9 општини, „Вреди“ има победа во 9 општини, а ДУИ во 5 општини, а знам победи во општина Куманово. Во дел од општините ќе има и втор круг гласање.
Во град Скопје води кандидатот Орце Ѓоргиевски од коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ, а зад него е Амар Мециновиќ од „Левица“. според првичните резултати, тие двајца ќе се борат за главниот град во вториот круг.
