Товарен авион се излизга од пистата во Хонгконг, има жртви
Товарен авион „Боинг 747“ од Дубаи, се излизга од пистата на Меѓународниот аеродром во Хонгконг при слетување при што загинаа две лица...

Товарен авион „Боинг 747“ од Дубаи, се излизга од пистата на Меѓународниот аеродром во Хонгконг при слетување при што загинаа две лица. Четиричлена на екипажот во авионот се спасени и хоспитализирана.
„Околу 4 часот наутро, товарен авион кој полета од Дубаи за Хонгконг, излета од северната писта при слетувањето и се урна низ оградата во морето. За жал, во тој момент таму беше патролно возило за безбедност на аеродромот. Авионот се судри со патролното возило и го турна автомобилот во морето. Четири членови на екипажот на авионот беа брзо спасени од Противпожарната служба. Противпожарната служба, исто така, спаси двајца вработени во обезбедувањето од морето“, изјави Стивен Јиу, извршен директор, аеродромска управа на Хонгконг.
Северната писта на аеродромот во Хонгконг, еден од најпрометните во Азија, каде што авионот се лизна од пистата, е затворена, соопштија властите.
