Уставен суд
Интервју на кандидатите за судии во Стразбур
20.10.2025 10:53
Станува збор за 11-те кандидати кои треба да бидат интервјуирани. На конкурсот беа пријавени 20 кандидати...

Комисијата за избор на кандидат на Република Македонија за судија во Европскиот суд за човекови права во Стразбур, денеска ќе одржи состанок во просториите на Уставниот суд.
По состанокот, ќе бидат спроведени интервјуа со кандидатите, кои ќе се одвиваат на англиски и на француски јазик. Во насока на зголемена транспарентност, ќе бидат одржани пред независни набљудувачи, соопштуваат од комисијата.
Станува збор за 11-те кандидати кои треба да бидат интервјуирани. На конкурсот беа пријавени 20 кандидати.
