Локални избори 2025

Османи му ја честита победата на Меџити

20.10.2025 09:57

Кандидатот за градоначалник на Чаир од Националната алијанса за интеграција, Бујар Османи, го призна поразот и му ја честита победата на својот противкандидат од „Вреди“, Изет Меџити...

Кандидатот за градоначалник на Чаир од Националната алијанса за интеграција, Бујар Османи, го призна поразот и му ја честита победата на својот противкандидат од „Вреди“, Изет Меџити. Најави дека за следните политички чекори јавноста ќе ја информира наредните денови.

„Честитки до мојот противкандидат и целата коалиција што застана зад него, тие се победници на изборите во Чаир и им посакувам успех во водењето на општината во следните четири години“, напиша Османи на социјалните мрежи.