мвр
Лишен од слобода германски државјанин, пронајдена е марихуана во возилото кое го управувал
20.10.2025 15:43
Лицето е задржано во полициска станица и во координација со јавен обвинител против него ќе биде поднесена соодветна пријава...

На 19.10.2025 во 12:31 часот на Граничен премин Табановце, на влез во државата, полициски службеници го лишија од слобода Р.Е.Р.Л.(70) од Сојузна Република Германија. При гранични проверки и контрола во возило „фиат“ – кампер со германска национална ознака, кое го управувал, пронајдена и одземена е марихуана.
Лицето е задржано во полициска станица и во координација со јавен обвинител против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
