НАИ прогласи победи во Гостивар, Липково, Чашка и Пласница
Арбер Адеми на прес-конференцијата изјави дека Националната алијанса за интеграција постигнала историски резултат во општина Чашка, која за првпат ќе биде предводена од оваа коалиција...

Националната алијанса за интеграција, прогласи победи уште во првиот круг во Гостивар, Липково, Чашка и Пласница. Арбер Адеми рече дека убедливо е водство и во Врапчиште, но таму нема цензус.
Адеми на прес-конференцијата изјави дека Националната алијанса за интеграција постигнала историски резултат во општина Чашка, која за првпат ќе биде предводена од оваа коалиција.
Тој додаде и дека во втор круг партијата ќе се натпреварува во Струга, Студеничани, Тетово, Долнени и Арачиново. Прашан за поразот на Бујар Османи во Чаир, Адеми рече дека веќе се упатени честитки кон Изет Меџити и изборниот резултат го опиша како граѓанска волја.
Борис Грујоски
