Македонските ракометарки загубија од Словенија

20.10.2025 10:16

Натпреварот во Битола заврши со 28:20 за гостинската селекција.

Македонската женска ракометна репрезентација вчеравечер загуби од Словенија во вториот натпревар од квалификациите за Европското првенство 2026.

Натпреварот во Битола заврши со 28:20 за гостинската селекција.

Македонките одигра добро во првото полувреме кое заврши 11:12, но во вториот дел немаа сила за посериозен отпор.

„Црвено-жолтите“ во март следната година квалификациите ќе ги продолжат со двомеч против Белгија.

Извор/ Фото: МИА