Локални избори 2025
Јакимовски очекува поддршка од опозицијата во вториот круг
20.10.2025 17:37
Карпошани се на пат да си го одберат своето достоинство. Очекувам во вториот круг поддршка од сите опозициски сили- рече кандидатот на коалицијата „Искуство за успех“ за градоначалник на Карпош, Стевче Јакимовски...

Влегуваме во втор круг, гласовите на опозицијата се дупли во однос на ВМРО-ДПМНЕ. Очекувам во вториот круг поддршка од сите опозициски сили. Карпошани се на пат да си го одберат своето достоинство“, рече кандидатот на коалицијата „Искуство за успех“ за градоначалник на Карпош, Стевче Јакимовски. Тој обвини за изборен поткуп во Злокуќани.
Јакимовски им се заблагодари за фер кампањата на противкандидати, Маја Мојсова од СДСМ, Антонио Димитров од Левица и на Невена Ѓорѓиева од независната листа.
Фиљана Кока
