Измир

Бизнисот отвора терен за нови инвестиции со турски бизнисмени

30.08.2014 18:44

Градежништвото, ИТ индустријата, преработките на месо, турските индустријалци и бизнисмени се заинтересирани за бизнис соработка во овие сектори.

Претставници од 40 македонски компании ид Сојузот на комори отвораат терен за потенцијални инвестиции и за нови деловни зделки. На саемот во Измир со илјади изложувачи почнаа преговори за заеднички вложувања.

„Начелно е договорена работна посета со потенцијалните иневститори во Македонија во октомври. Најавениот интерес очигледно ќе значи и поголем извоз, нона средбата беа истакнати одредени потешкотии во трговијата меѓу двете земји кои се однесуваат на либерализација на трговијата во змејоделско-прехрамбените производи, која се одвива со полна царина, при што само за мал дел на производи Македонија и Турција имаат концесија во рамки на годишните квоти“, вели претседателот на ССК, Данела Арсовска.

Сојузот на стопански комори интересот го гледа и во заеднички настап на трети пазари во ЕУ, Северна Африка и Блискиот Исток. Турција е меѓу топ инвеститорите во Македонија, осми трговски партнер на државата. Континуиран раст има и трговската размена.

Сузана Фиданска - Стоева