Горива

Дизелот поевтинува за еден денар, цената на бензините останува иста

20.10.2025 14:06

Цената на бензините останува непроменета, додека дизелот поевтинува, објави Регулаторната комисија за енергетија.

Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ) соопшти дека од вечерва на полноќ цената на бензините останува непроменета, додека дизелот и екстралесното масло поевтинуваат за еден денар.

Цената на ЕУРОСУПЕР 95 и понатаму ќе изнесува 73 денари за литар, а на ЕУРОСУПЕР 98 – 75 денари.

Цената на ЕУРОДИЗЕЛ се намалува на 67 денари за литар, а екстралесното масло за домаќинство ќе чини 66,5 денари.

Мазутот поевтинува за 0,6 денари и од утре ќе се продава по 36 денари за килограм.