Националниот џез оркестар со концерт „Македонски сновиденија“ на отворањето на Есенските музички свечености
20.10.2025 14:33
Програмата претставува енергична фузија на фолклорни мотиви и современ џез, со композиции што ја спојуваат традицијата и модерниот музички израз …

Во рамки на свеченото отворање на 25-то издание на „Есенски музички свечености“, на 25-ти октомври со почеток во 20 часот во малата сала на Македонската филхармонија ќе се одржи концертот „Македонски сновиденија“ на Националниот џез оркестар под диригентската палка на Владимир Николов.
„Македонски сновиденија“ е енергична фузија на фолклорни мотиви и современ џез. На овој концерт ќе бидат изведени композиции кои ги обединуваат традицијата и современиот музички израз, прераскажувајќи ги длабоките културни корени на македонскиот фолклор низ јазикот на џезот, соопштуваат од Националниот оркестар.
