Апасиев: Левица е вистински лидер на опозицијата
Отсега Левица е вистински лидер на опозицијата, истакна претседателот на партијата Апасиев, во обраќањето по првиот круг од локалните избори. Кандидатот Мециновиќ, кој влезе во вториот круг од трката за градоначалник за Град Скопје ги повика граѓаните да им се придружат…

Левица е лидер на опозицијата, вели првиот човек во партијата, Апасиев, сумирајќи ги резултатите и успехот од првиот изборен круг, да влезат во советите во повеќе градови, но и во борба за градоначалничката фотелја.
Амар Мециновиќ, кандидатот за градоначалник на Скопје од Левица влезе во битката за татко на метрополата во втор круг. За ваквиот резултат од првиот круг, смета дека илјадници луѓе во Скопје се охрабриле да застанат на страна на промената. Мециновиќ вети позитивна кампања и кажа дека во второто полувреме ќе ја победат, како што рече, онаа визија која 30 години ги крои судбините. Ги повика неопределените да им се придружат.
На 2-ри ноември е вториот круг од локалните избори.
Наташа Гркова-Петрушевска
