Променливо облачно со сончеви периоди

21.10.2025 08:17

Во крајните јужни и источните делови ќе има услови за слаб локален дожд. Ќе дува умерен ветер од јужен правец...

Времето денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Во крајните јужни и источните делови ќе има услови за слаб локален дожд. Ќе дува умерен ветер од јужен правец.

Минималната температура ќе биде во интервал од 3 до 10, а максималната ќе достигне од 13 до 18 степени.

Во Скопје, променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец.