Премиерот Мицкоски ќе учествува на Самитот за Западен Балкан во рамките на Берлинскиот процес
Премиерот Христијан Мицкоски ја предводи владината делегација на Самитот за Западен Балкан, кој се одржува во Лондон. Шефот на Владата, заедно со вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски, министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски, министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска, како и со министерот за евроинтеграција Орхан Муртезани, ќе учествува на голем број состаноци во состав на Берлинскиот процес, соопштија од Владата...

Премиерот Христијан Мицкоски ја предводи владината делегација на Самитот за Западен Балкан, кој се одржува во Лондон. Шефот на Владата, заедно со вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски, министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски, министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска, како и со министерот за евроинтеграција Орхан Муртезани, ќе учествува на голем број состаноци во состав на Берлинскиот процес, соопштија од Владата.
На маргините на Самитот, а во рамки на посетата на Обединетото Кралство, е предвидено премиерот да одржи голем број билатерални средби. Владината делегација ќе оствари повеќе економски работни средби што ќе претставуваат економски исчекор за меѓусебната соработка, соопштија од владината прес-служба.
