Локални избори 2025
ДИК: Во првиот круг избрани градоначалници во 43 општини
21.10.2025 08:40
Во првиот круг од гласањето, коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ доби 33 градоначалници. СДСМ победи во 3 општини, „Вреди“ во 4, а Национална алијанса за интеграција во 3...

Државната изборна комисија ги објави првичните официјални резултати. Во првиот круг од гласањето, коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ доби 33 градоначалници. СДСМ победи во 3 општини, „Вреди“ во 4, а Национална алијанса за интеграција во 3. Во Скопје, во вториот круг одат Орце Ѓорѓиевски од ВМРО-ДПМНЕ и Амар Мециновиќ од Левица.
Прегласување ќе има во 4 општини, поради недоволен цензус на излезност.
