Интервјуирање на кандидатите за судија во Стразбур
11 кандидати за судија во Европскиот суд за човекови права во Стразбур, беа интервјуирани пред Kомисијата за избор. Шанса да ја продолжат постапката ќе имаат само тројца кандидати...

11 кандидати за судија во Европскиот суд за човекови права во Стразбур, беа интервјуирани пред Kомисијата за избор. Испрашувањето беше на англиски и француски јазик, процесот го следеа и невладини организации. Шанса да ја продолжат постапката ќе имаат само тројца кандидати.
Комисијата за избор резултатите од интервјуата ќе ги испрати до експертскиот панел на советот на Европа. Изборот на судија во Стразбур се спроведува по вторпат, откако владата го поништи претходниот од тројца кандидати. На македонскиот судија во Стразбур Јован Илијевски, мандатот му истекува во февруари идната година.
