Првото дерби за Работнички
Работнички ја совлада Шкендија со 3-2 во премиерниот натпревар од шестото коло во Првата фудбалска лига на Македонија. Малубројната публика на арената „Филип втори“ уживаше во првиот од двата дерби меча во оваа првенствена рунда. Тетовскиот тим поведе преку Вручина од пенал, а до крајот на првото полувреме Дарко Велковски со удар со глава ја врати резултатската симетрија.

Во вториот дел Шкендија повторно дојде до предност преку Вручина, а во период од седум минути, од 61-та до 68-та, актуелниот првак даде два гола и се израдува на втората победа во сезоната. Најпрво Дарко Велковски израмни, а потоа со прекрасен удар откосо Марјан Алтипармаковски го измами противничкиот голман за триумф со 3-2.
За утре се закажани три средби, дербито е во Ѓорче Петров меѓу Металург и Вардар, а во 17 часот е преносот на Собранискиот сервис на МРТ. Другите двојки се Силекс – Пелистер и Ренова – Брегалница. Тетекс и Турново ќе играат в понеделник.