Блиски Исток

Кревко примирје во Газа, Венс во Израел

21.10.2025 09:05

Хамас му предаде уште едно тело на Израел, додека хуманитарната помош непречено се дистрибуира. По израелските напади викендов, во регионот пристигнува и американскиот потпретседател Венс на средба со Нетанјаху.

Кревкото примирје во Газа продолжува. Хамас му предаде уште едно тело на Израел, додека хуманитарната помош непречено се дистрибуира. По израелските напади викендов, во регионот пристигнува и американскиот потпретседател Венс на средба со Нетанјаху.

Додека САД се обидуваат да го зајакнат договорот, нови инциденти на жолтата линија-убиени двајца милитанти кои отвориле оган врз израелските сили. Трамп го предупреди Хамас да го почитува прекинот на огнот или „ќе биде искоренет“. Повик пристигна и од ОН.

„Ги повикуваме сите страни да ги почитуваат обврските и да избегнуваат какви било дејствија што би можеле да доведат до обновување на непријателствата“, изјави Стефан Дужарик - портпарол на ОН.