Франција

Саркози почна со издржување затворска казна

21.10.2025 11:03

Саркози почнува со издржување на петгодишната затворската казна откако беше осуден за илегална шема на финансирање на својата кампања со пари од Либија. Тој тврди дека е невин и дека случајот е политички мотивиран...

Поранешниот француски претседател Никола Саркози почнува со издржување на петгодишната затворската казна откако беше осуден за илегална шема на финансирање на својата кампања со пари од Либија. Тој тврди дека е невин и дека случајот е политички мотивиран. Изјави дека нема да бара никакви привилегии во затворот и дека заминува со крената глава.

„Ако апсолутно сакаат да спијам во затвор, ќе спијам во затвор, но со крената глава. Јас сум невин“, изјави Никола Саркози - поранешен претседател на Франција.

Саркози е првиот поранешен претседател на членка на ЕУ кој завршил зад решетки.