Франција

Силна бура ја зафати Франција со жртви и повредени

21.10.2025 12:30

Едно лице загина, а девет се повредени – четворица тешко – откако силно невреме со ветрови го погоди регионот Вал д’Оаз, северно од Париз.

Едно лице загина, а девет се повредени – четворица тешко – откако силно невреме со ветрови го погоди регионот Вал д’Оаз, северно од Париз. Бурата корнеше дрвја, покриви и урна кранови.

На терен се мобилизирани десетици пожарникари, полицајци и припадници на итната медицинска помош.

Властите повикаа на претпазливост и избегнување на непотребни патувања.