46,63 излезност во првиот круг на локалните избори, соопшти ДИК
46,63 проценти односно 854.620 од оние што имаат право на глас ја исполниле својата граѓанска должност на изборите во недела. 43 општини во првиот круг добија градоначалник и совет, соопштија од Државната изборна комисија откако ги добиле сите материјали од избирачките места...

46,63 проценти односно 854.620 од оние што имаат право на глас ја исполниле својата граѓанска должност на изборите во недела. 43 општини во првиот круг добија градоначалник и совет, соопштија од Државната изборна комисија откако ги добиле сите материјали од избирачките места.
Во Град Скопје за прв човек на градот, советничките места се поделени.
Тече рокот за жалба од 48 часа, односно до среда вечер, сите кои имаат забелешки можат да реагираат до Државната изборна комисија. Во 4 општини ќе се повтори првиот круг поради неисполнување на цензусот, меѓу нив се Маврово и Ростуше, Врапчиште, Центар Жупа, и Гостивар со излезност од 33,31%.
